Вести Македонија

Контрацепцијата е клуч за спречување на несакана бременост и пренос на сексуално преносливи болести

Многу е мала употребата на контрацепциски средства како кондоми и таблети во државата, а особено кај младите. Недостасува сексуално образование во училиштата па децата се повеќе потпаѓаат под влијание на митовите. Митот дека користењето на контрацепција е одговорност само кај женската популација и многу други дезинформации се причина поради која тинејџерите се соочуваат со несакана бременост, сексуално преносливи болести и други проблеми, вeлaт од невладината организација „Хера“.

Докторите пак, сметаат дека не се доволни само онлајн платформите, потребен е разговор со најблиското семејство особено во тинејџерските години.

Ако споменеме дека има пациентки кои се бремени на 14 години прашањето е дали тие и ова што ќе го прочитаат можат да го разберат и со кого може да го продискутираат. Кај нас официјално би требало до 18 години да одат со својот родител на лекар и за сите овие теми треба да се дискутира пред лекарот заедно со родителот, вели проф. д-р Глигор Тофоски, Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари .

За обезбедување на основни релеванти информации за најмладите кои немаат каде да се обратат постои платформата контрацепција.мк  каде тинејџерите и адолесцентите може да најдат голем број информации за сексуалното здравје. На страната постои и можност за поставување на прашање, на кое ќе одговори стручно лице.

Сексуалната едукација е клучна за здравјето на сите, а особено на најмладите.

Крајната цел е всушност да се спречат сите несакани штетни последици од несоодветното однесување кон сопственото секуално и репродуктивно здравје, кои освен од доментот на здравствени последици се и од доменот на економски и социјални последици, вели проф. Елена Ќосеска – Институт за јавно здравје на Македонија.

Надлежните апелираат до сите првенствено добро да се информираат за ризиците и опасностите, а потоа да стапуваат во сексуални односи, во кои ќе користат одреден вид контрацепција за заштита од преносливи болеси и евентуална несакана бременост.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе