Вести Македонија

Експерите реагираат дека не треба да се задира во секуларноста, додека невладините сметаат дека првите луѓе на црквата не ја разбрале содржината на предлог законите

Ден по протестот на Македонската православна црква не стивнуваат реакциите на граѓанските организации за пораките кои беа испратени од таму пред насобраните верници и поддржувачи на протестот. Секуларно општество не значи и безбожно општество, порача поглаварот на Македонската православна Црква (МПЦ- ОА), г.г Стефан. Во реториката на организаторите на овој протест се согледува комплетно неразбирање на Законот за родова еднаквост и Законот за правно признавање на родот и овие закони во ниту еден миг не го загрозуваат семејството, нити ја негираат вероисповеста на граѓаните, реагираат активистите.

Лично сметам дека не и е местото на МПЦ стручно да коментира со кои права се уредуваат правата на жените или на ЛГБТИ  лицата. Прво затоа што не ги разбираат проблемите со кои се соочуваат овие групи на граѓани и граѓанки. Второ со задирање во овие правно политички процеси ја нарушуваат секуларноста на државата. Едно е јасно геј луѓе и семејства постоеле и се уште постојат, транслуѓе исто така, тоа ниту една религиска струја не би смеела да го забрани, ако сакаме да веруваме дека живееме во слободна земја каде сечие право на достоинствен живот е загарантирано со Устав, вели Јана Коцевска, Здружение за промоција на женската активност Тиииит ! Инк..

За професорот Мојаноски постои одредено недоразбирање во дадениов случај меѓу МПЦ и власта, но не и нарушување на секуларноста на државата.

Во граѓанското општество претпоставува можност да се артикулираа интересите и во тој контекст сметам дека не се нарушува секуларноста на македонската држава затоа што јавно се соопштува одреден став затоа што одлуките за тоа што ќе биде прифатено и не во општеството како ќе се уредуваат односите е во надлежност на државните органи. Во овој контекст имам впечаток дека постои определено недоразбирање или различно читање на одредени содржини или категории во рамки на предметното прашање меѓу МПЦ, поддржана од другите верски заедници во Македонија и власта и дека очигледно власта треба да трага по облици преку коишто ќе обезбеди артикулација на тие интереси, на тие идеи, а решенијата секако ќе останат во Уставот, утврдените органи и нивните надлежности, смета проф. д-р Цане Мојаноски.

Во пресрет на вчерашниот собир на МПЦ министерката за труд и социјална политика Тренчевска, рече дека легитимно право е на секого да организира протест, но дека е легитимно право и да биде кажана вистината за двата закони, и за дефинициите и за механизмите.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе