Вести Свет

Врховниот суд на САД гласаше против примена на позитивна дискириминација при упис во американските универзитети

Врховниот суд на САД не дозволи примена на програми за полесен прием на студенти во Харвард и во Универзитетот на Северна Каролина засновано на расната припадност, укажувајќи дека тие правила го прекршуваат Уставот.

Гласањето синоќа беше поделено по идеолошка линија со гласот на претседателот на Уставниот суд Џон Џ. Робертс во полза на конзервативните членови, при што либералните останаа во малцинство.

Полемиката беше околу принципот на позитивна дискриминација или позитивни дејствија (affirmative action) како што е познат во САД.

Студентите треба да бидат третирани врз основа на нивните искуства како индивидуи, не врз основа на расата, напиша Робертс.

Многу универзитети веќе предолго време го прават спротивното. И правејќи го тоа тие заклучија, но погрешно, дека темелникот на идентитетот на индивидуата не е поквалететни предизвици, поизградени вештини или научени лекции туку бојата на нивната кожа. Нашата уставна историја не толерира таков избор, истакна судијата.

Вашингтон пост пишува дека во носењето на одлуката дали позитивната дискриминација признава и негува мултикултурна нација или недопустливо ги дели Американците врз основа на расата, Врховниот суд се покажал како најподелен во неговата историја. Тој е составен од девет судии: четири бели мажи, две бели жени, двајца темнокожи, маж и жена, и една јужноамериканка. Заклучно јуни 2022, шест од судиите се назначени од републикански претседател, три се од демократски.

На последното слично гласање во 2016 година судот ја подржа програмата за позитивна дискириминација при упис во Универзитетот на Тексас, заклучувајќи по трет пат дека образовната разновидност оправдува разгледување на расата како фактор во одлуките за прием во универзитетите.

Во судските тужби на активистите за фер прием од двата универзитети се вели дека водечката политика на универзитетот во Северна Каролина ги дискриминирала апликациите на белците и Азијците во корист на Афроамериканците, Јужнамериканците и домородните Американци.

Во случајот против Харвард се вели дека универзитетот вршел дискриминација против азиско-американските студени со примена на субјективни стандарди за ограничен број на примени студенти од оваа група.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почна предизборниот молк- денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и дијаспората

Дејан Дејан

(Видео) Страотна сообраќајна несреќа утрово на Партизанска во Влае

Дејан Дејан

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе