Вести Свет Топ вести

Приведени 150 лица во немирите во Франција по убиството на 17-годишно момче

Вкупно 150 лица се приведени во Франција во текот на ноќта по немирите кои почнаа поради убиството на 17-годишниот возач од страна на полицаец, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.

Тој денеска го осуди „неподносливото насилство врз симболот на државата“.

„Општински згради, училишта и полициски станици“ се „запалени или нападнати. Срамота за тие кои не повикаа на мир“, напиша министерот на својот Твитер профил.

Втора ноќ по ред, насилството продолжи во Франција, особено во регионот на Париз, каде полицаец во вторникот уби 17-годишен возач на автомобил, тврдејќи дека пукал откако младиот одбил да го послуша.

Францускиот претседател Емануел Макрон за денеска свика состанок на кризниот штаб. На мирна прошетка денеска пред полициската станица повика мајката на убиеното момче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе