Вести Свет Топ вести

(ФОТО + ВИДЕО) Смртоносен ролеркостер во Стокхолм, едно лице загина – десетина се повредени

Едно лице загина, а неколку други се повредени откако во Стокхолм во забавниот парк „Грона Лунд“ излетаа вагони со патници од ролеркостер.

Претставници на паркот објаснуваат дека еден од вагоните на тобоганот Џетлајн излетал од шините и удрил директно во земја.

Полицијата соопшти дека седум лица, деца и возрасни, се хоспитализирани по несреќата.

Забавниот парк е евакуиран за да се олесни работата на спасувачките екипи.

Новинарката, Џени Лагерштет, која стоела во ред за уште едно возење, изјавила дека вагонот паднал од голема височина заедно со патници кои во моментот биле на „лудата железница“.

Ролеркостерот „Џетлајн“ со челична патека достигнува брзина до 90 километри на час и висина од 30 метри, превезувајќи повеќе од еден милион посетители секоја година, се вели на страната на забавниот парк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе