Вести Свет

Блинкен: Војската на Путин пред една година беше пред Киев, а сега мораше да ја брани Москва

Иако пред 16 години затропа на портите на Киев, војската на Путин вчера беше приморана да застане во одбрана пред Москва од платеникот Пригожин, кој Путин сам го создаде. Бунтот на приватната „Вагнер е директен предизвик за авторитетот на Путин“, вели американскиот државен секретар Ентони Блинкен во изјава за Си – Би – Ес.

Според Блинкен, одлуката на Путин да ја нападне Украина создаде хаос во неговата земја, а бунтот покренува длабоки прашања, покажува вистински пукнатини, слабости во редовите на раководството на Русија, вели Блинкен и наведува дека е премногу рано да се каже каква иднина ќе имаат платениците кои се побунија.

Актуелната криза во Русија започна во петокот, откако шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, некогаш близок доверник на Путин, ги обвини руските сили дека ги гаѓаат војниците на Вагнер во ракетни напади. Пригожин се закани дека ќе предводи „марш на правдата“, а неговите сили ја презедоа контролата врз Ростов-на-Дон, град во близина на украинската граница. Бунтот заврши пред да заврши викендот, откако Пригожин склучи договор со кој требаше да ја напушти Русија за Белорусија, додека Москва вети дека ќе ја отповика кривичната пријава против него. Во неделата, трупите на Вагнер почнаа да се повлекуваат од јужниот руски регион Воронеж.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе