Вести Свет

Платениците на „Вагнер“ сè поблиску до Москва, ЕУ го активира кризниот центар

Се разгоруваат тензиите во Русија откако рано утринава силите на платеничката група Вагнер се судрија со припадниците на регуларната руска армија. Заземањето на еден од поголемите градови во јужниот дел од земјата, Ростов на Дон, од страна на паравојската на Евгениј Пригожин Кремељ ја сфати како сериозна закана и прогласија „контратерористички режим. Во Москва поставени се контролни пунктови, а Црвениот плоштат е забранет за двиење на цивили. Рускиот претседател Владимир Путин вети остри казни за организаторите на вооружениот бунт.

Секакви внатрешни превирања се смртоносна закана за нашата државност, за нас како народ. Ова е удар за Русија, за нашиот народ. И нашите активности за заштита на татковината од таква закана ќе бидат тешки. Сите оние кои намерно тргнаа по патот на предавството, кои подготвија вооружен бунт, тргнаа по патот на уцените и терористичките методи, ќе претрпат неизбежна казна, ќе одговараат и пред законот и пред нашиот народ, порача рускиоѕ претседател Владимир Путин. 

Според информациите од терен војниците и опремата на Вагнер, влегоа во руската провинција Липецк, околу 360 километри јужно од Москва, а руските медиуми јавуваат дека се водат вооружени престрелки меѓу руската војска и трупите на Вагнер. Претходно, силни експлозии одекнаа низ Воронеж, веднаш откако војниците на Вагнер, влегле во градот. Дел од медиумите информираат дека зад оваа експлозија стои руската војска во обид да го спречи налетот на војската на Пригожин. Руските државјани збунети од акциите на лидерот на платеничката група се упатија кон Црвениот плоштад но таму ги пречекаа барикади од полициски и воени возила… Во меѓувреме руските медиуми објавија дека руските специјалци го заземале седиштето на „Вагнер“ во Санкт Петербург.

Во моментов јас сум разочаран од ова. Тоа што се случи се случува на територијата на Руската Федерација. Се случува некое предавство. Целосно го поддржувам Министерството за одбрана, вели жител на Москва.

 

Интересно е што ќе се случува следно. Дури и овде..колку што разбрав, Црвениот плоштад не е секогаш затворен…Има полицајци… Всушност е страшно. Но, за сега нема да дадам свое мислење, додава жител на Москва.

Ситуацијата во Русија будно ја следат и лидерите во Европа. Највисокиот дипломат на Европската унија, Жозеп Борел на твритер соопшти дека поради превирањата го активирал кризниот центар.

„Разговарав со министрите за надворешни работи на Г7 за размена на мислења за ситуацијата во Русија. Во пресрет на Советот за надворешни работи на ЕУ во понеделник, координирам во Европската унија и го активирав центарот за одговор на кризи“, напиша тој на Твитер

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, исто така, најави дека денеска ќе има и нов состанок со меѓународните министри за надворешни работи за разгледување на ситуацијата во Украина.

Верувам дека не смееме да дозволиме нашето внимание да се оттргне од поддршката на Украина, што е прашање за кое Европа покажа компактност, луцидност и стратешки капацитет што не секогаш се гледало во минатото, и мора да продолжиме по овој пат. . Она што само го кажав е дека она што се случува ни покажува како одредена пропаганда направена во минатото од Русија за сила и компактност во режимот не соодветствува со реалноста, истакна италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Состојбата во Русија будно ја следи и Киев, а според Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, во следните 48 часа ќе се знае судбината на рускиот претседател Владимир Путин.

Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе