Вести Свет

Пекинг му врачи демарш на Вашингтон поради изјавата на Бајден во која го нарече Џинпинг диктатор

Кинеската влада упати демарш до американскиот амбасадор во Кина поради коментарите на претседателот Џо Бајден, во кои тој индиректно го нарече кинескиот претседател диктатор. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, оцени дека крајно апсурдните коментари на Бајден сериозно наштетиле на политичкото достоинство на Кина и претставуваат политичка провокација.

Изјавата на Бајден дојде еден ден откако Блинкен се сретна со Си Џинпинг во долгоочекуваната посета со цел да се запре надолната спирала во односите меѓу САД и Кина..

Бајден рече дека Си не знаел за наводниот кинески шпионски балон што бил соборен во воздушниот простор на САД во февруари, додавајќи дека „Тоа е голем срам за диктаторите“…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе