Вести Свет

ОушнГејт: Екипажот од исчезнатата подморница најверојатно не преживеал

Петчлениот екипаж во исчезнатата подморница Титан најверојатно е мртов, соопштија од компанијата ОушнГејт, во чија сопственост е подморницата.  Заклучокот е донесен откако бродотот со далечински управувач регистрираше отпадоци во делот за пребарување недалеку од  бродот „Титаник“. Пронајдени беа рамка за слетување и заден капак на потопницата…

Претпоставките се дека се случила катастрофална експлозија во предната комора… Подморницата Титан во неделата загуби контакт со матичниот брод. Беше на пат до остатоците од потонатиот брод Титаник на 3.800 метри длабочина во Атлантскиот океан.

Во овој авантуристички поход во подморницата беа Хамиш Хардинг, британски авантурист кој претходно бил во вселената и неколку пати патувал до Јужниот пол. Британскиот бизнисмен Шахзада Давуд, член на едно од најбогатите пакистански семејства, и неговиот 19-годишен син..

Со нив беше Пол-Хенри Наргеолет, поранешен нуркач на француската морнарица, кој бил дел од првата експедиција што го посетила Титаник во 1987 година, и капетанот Стоктон Раш, директор на компанијата OceanGate, која управува со патувањата до Титаник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе