Вести Свет

Имплозија како можна причина – несреќата со „Титан“ можеше да биде избегната, сметаат експертите

Познат експерт за „Титаник“, авантурист со светски рекорди, двајца членови на едно од најбогатите пакистански семејства и извршниот директор на компанијата што ја води експедицијата до најпознатиот бродолом во светот, беа последниот екипаж на потопената подморница „Титан“ која се распадна во длабочините на Атлантскиот океан. Најверојатно причина е имплозија која најверојатно настанала поради краток спој или дефект на пловилото, велат експертите. Според нив, единствено добро е што несреќата се случила неочекувано и за дел од секундата па патниците починале без да бидат свесни што се случило.

„Единствената олеснителна благодет во врска со несреќата е тоа што се случила веднаш, буквално за милисекунди, а мажите немале претстава што се случува. Значи да, двајцата мои пријатели веќе ги нема“, Дејвид Мернс, експерт за спасување.

Претпоставките на познавачите за тоа што се случило во кобниот момент се дека несреќата настанала на длабочина поголема од три километри во близина на остатоците од Титаник каде притисокот е околу 387 килограми по квадратен сентиметар, што е околу 380 бари или прибилижно 380 атмосфери. Луѓето биле исфрлени на парчиња, бидејќи притисокот доаѓал од внатре, а не од надвор. Тоа е разликата меѓу имплозија и експлозија. Надлежните одговорни за потрагата велат дека ќе продолжат со пребарување, но дека изгледите за пронаоѓање или враќање на остатоците се многу мали.

„Она што го знам е дека секој човек што отишол на некоја од нашите експедиции ни се придружи како полноправен член на екипажот. Тие се пријавија како специјалисти за мисијата. Поминаа обука, учествуваа во нуркачките операции на површината и имаа активни улоги како учесници за време на нуркањето. И покрај тоа што никогаш не отидов на една од овие експедиции на Титаник, знам дека тоа беше намерата зад секоја од нив и сите што доаѓаа како истражувач беа многу горди на фактот дека тие не беа патници, дека не беа туристи, дека тие всушност беа активни членови на екипажот што исполнуваше научна и истражувачка експедиција“, изјави Гилермо Сонлајн, ко-основач на „ОушнГејт“.

Експедицијата со „Титан“, предводена од „ОушнГејт“, беше на своето трето патување до Титаник. Пред шест месеци тим новинари од американскиот медиум „Си-Би-Ес“ биле на подморницата за да го видат потонатиот брод на покана на извршниот директор на компанијата, Стоктон Раш, кој сега е меѓу загинатите. Пред да се качат во подморницата, имале можност да се запознаат со неколку авантуристи, а повеќето од нив биле сериозни бизнисмени. Но, како што раскажуваат во својата репортажа меѓу нив имало и такви кои штеделе по 30 години за да ги видат остатоците од Титаник.

Алексаандар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе