Вести Македонија

Извештајот на обвинителството е готов – наскоро ќе се знае причината за смртта на 6-годишната Јана

Јавноста наскоро треба да ја дознае причината за прераната смрт на малечката Јана која по примена инфузија почина во битолската болница. Извештајот на обвинителството е готов, но наодите пред да излезат во јавноста, прво ќе им бидат соопштени на родителите.

Шестгодишната Јана Христовска од битолското село Кравари на 22 март била донесена во битолската болница со благи симптоми на настинка, тврдат нејзините родители, а според нивното сведоштво, состојбата нагло се влошила откако на девојчето му била дадена инфузија.

Обвинија за класична лекарска грешка и издавање погрешна терапија. Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет за овој случај и побара обдукција. Смртта на Јана предизвика голем револт и бура од реакции во јавноста, во неколку наврати беа организирани и протести на кои се бараше одговорност за прерано згаснатиот живот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе