Вести Македонија

Чекајќи ја Владината седница за уставни измени – ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и натаму со различни толкувања на лидерската од 7 јуни

Иницијативата за уставни измени сè уште не излегла од „Илинденска“ број 2. И покрај најавите од Правда, Владата ја помести оваа точка за некоја од наредните седници. Чекајќи ја процедурата, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со различни толкувања на разговорот Ковачевски-Мицкоски од 7 јуни.

ВМРО-ДПМНЕ самоуверено повика да почне собраниската постапка, потенцирајќи дека ниту еден од нејзините 44-ца пратеници, нема да гласа за менување на Уставот „под бугарски диктат“.

Премиерот Ковачевски изрази подготвеност да го исполни барањето на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата, а ДУИ да излезе. Избори најавува по отварањето на две поглавја од пристапните преговори, откако слушнал од Мицкоски дека нема проблем да се гласаат уставните измени.

Иницијативата за менување на Уставот со внесување на Бугарите и неколку други делови од народи е изготвена од Работната група пред точно еден месец. Оттогаш се чека да ја помине Владината процедура, по што треба да биде испратена во Собрание. Менувањето на Уставот може да биде завршено за  4 месеци, но за да почне, мора да добие виза од најмалку 80 пратеници.

Соња Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе