Вести Македонија

Загина момче во сообраќајка, утре ден на жалост во Македонска Каменица

Советот на општина Македонска Каменица на денешната седница донесе одлука утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост, поради трагичен настан во кој животот го загуби млад жител од Општина Македонска Каменица.

Трагичниот настан, како што претходно беше објавено во полицискиот билтен, се случил вчера попладне околу 15.20 часот, кога во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – селото Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот, соопшти полицијата.

Младото момче починало на местото на несреќата. Смртта ја  констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе