Вести Македонија

Вардар се спушти за половина метар кај Општина Јегуновце

За околу половина метар е намален водостојот на реката Вардар, така што водата постепено се повлекува во поплавените подрачја во населените места во Општина Јегуновце. Најкритично беше во селото Раотинце, каде беа поплавени 15-тина објекти и речиси целото поле. За земјоделците штетите се огромни, зашто веќе е доцна повторно да ги посеат нивите.

„Треба време да помине, не е целосно повчлечена, меѓутоа е полека опаѓа и по дворовите и по нивите. Така што се надеваме до утре целосно да се повлече ако задржат временските услови. Од прилика има некаде над 150 хектари, а сигурно има и повеќе. Сега и да се засади нешто нема да успее родот“, изјави Васко Јанчевски, претседател на Месната заедница на село Раотинце

Општината формираше Комисија за проценка на штетите, која ќе ги посети сите домаќинства и секоја земјоделска површина која е зафатена од поплавата, по што записниците ќе бидат испратени до Владата, од каде очекуваат помош, вели градоначалникот. 

„Тие записници ќе бидат проследени во општината, ќе бидат пресметани и поминати на советот, со што нашата обрска и надлежност тука ја завршуваме и ќе бидат испратени до Владата односно до Втростепена комисија која е за обештетување на вакви случаи. И се надевам и апелирам Владата да одвои време и да ја посети општина Јегуновце и во иднина овие наши сограѓани бидат обештетени“, вели Димитар Костадиновски, градоначалник на Општина Јегуновце.

Владата ветува помош, но очекува реална проценка на штетите.

Проблемот со поплавите долж течението на Вардар во Општина Јегуновце е децениски. Жителите и локалната самоуправа надеж гледаат во проектот на УНДП, поддржан од Швајцарската амбасада за регулација и чистење на речното корито во должина од 8,5 километри. По завршувањето на фазата на тендерирање, активностите се очекува да почнат во август.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе