Вести Македонија

Три предлози за почеток на новата учебна година

Министерството за образование и наука (МОН) во интензивни консултации со синдикатите и наставниците ќе достави три нови предлози до Владата. Првиот предлог е учебната година да започне како што беше до сега, на 1 септември, втората опција да почне на 11 септември, без пролетен распуст и да трае до средината на јуни, третиот предлог е да почне на 1 септември, да има пролетен распуст од 5 дена и учебната година да заврши средина на јуни.

Според Шаќири, има доволно време за разгледување на трите предлози за да се донесе конечен календар за една учебна година.

„Дел од предлозите, ние како МОН, ги имаме слушнато и од родителите, дел од наставниот кадар, но повторно ќе кажам за секој предлог ќе треба да одлучува Владата и ние како министерство ќе ги доставиме и ќе се одлучува како е добро за образовниот процес, но и во согласност со одлуките на наставниот кадар и на синдикатите“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Според првиот човек на Синдикатот за образование и наука, Јаким Неделков новите предлози на МОН за почеток на учебната година на 11 септември и пролетен распуст според првичните консултации  се прифатливи.

„Пред сè, поради фактот дека и временските услови за годишен одмор веќе се променети, септември е веќе многу потопол, повисоки се температурите и подобро е за годишен одмор. Вториот аспект е што аранжманите во септември се нешто пониски во однос на август и јули. Согласно законските решенија во образованието годишен одмор се зема кога и учениците се на распуст, па немаат можност да летуваат со поевтини цени. На овој начин би заштедиле и вработените во образованието за користење на годишен одмор“, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Што се однесува до пролетниот распуст тоа е нешто што одамна се применува во западноевропските земји, вели Неделков и тоа е важно од психолошки аспект за самите деца. Министерот Шаќири е оптимист дека за почетокот на учебната година учебниците ќе бидат навремено доставен.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе