Вести Македонија

Штрајкот на вработените во УЈП продолжува, а премерот Ковачевски со оптимистички став дека ќе се најде решение за нивниот проблем

Премиерот Ковачевски  со предлог до директорите на УЈП и Царина – да најдат модел за проверка на имотната состојба на вработените во двете институции и овој тој  да се земе предвид при усогласувањето на нивните плати. Вработените во овие ограни кои се под капата на министерство за финансии излегоа на предупредувачки протест , а работниците од УЈП веќе започнаа и постапка за генерален штрајк. Ковачевски е оптимист дека ќе се најде решение за нивнито проблем и нема д аодјде до тоа. Го пофали и неговиот колега, министерот  Бесими дека добро управувал со државниот буџет.

На оваа изјава на премиерот,  со реакција излегоа од УПОЗ. Побараа прво Ковачевски да направи скринингкај функционерите.

Премиерот прво да направи скрининг на платите на функционерите и нан пратениците. Да не се увезуваат работници во земјава, туку функционери. Ветингот да се направи прво кај нив, а работниците кои работата за плата да не се чепкаат, велат од УПОЗ.

УЈП продолжи со протестите со двочасовно неизвршување на работните задачи на своите работни места. Предупредија- ако не  добијат повисоки плати и Бесими не стави потпис на новиот колективен договор кој го договарале заедно ќе влезат во генерален штрај. Од царина пак во петокот излегоа на предупредувачки протест и чекаат решенеи односно да ги добијат своите додатоци на плата од 30 проценти за кој велат дека им следат според закон а никогаш не ги добиле. И тие како и вработените во УЈП  предупредуваат дека ако не се најде решение, ќе ги раздикализираат протестите.

Ваквиот револт кај овие  работници излезе на површина откако министерот Бесими реши да ги зголеми платите на вработените само во неговото минисетерство за 30 отсто заклучно со јануари годинава. Во меѓувреме синдиактите и Владата преговараат за нов општ колективен договор и методологија за палти во јавниот сектор со кој бесими очекува да се стави ред. Но за синдикатите предлгото на Владата платите да се пресметуваат според просечната плата но од 2028 година е неприфатлив.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе