Вести Македонија

Проблемот со поплавите долж течението на Вардар во општина Јегуновце е децениски

За околу половина метар е намален водостојот на реката Вардар, така што водата постепено се повлекува во поплавените подрачја во населените места во општина Јегуновце. Најкритично беше во селото Раотинце, каде беа поплавени 15-тина објекти и речиси целото поле. За земјоделците штетите се огромни, зашто веќе е доцна повторно да ги посеат нивите.

„Треба време да помине, не е целосно повчлечена, меѓутоа е полека опаѓа и по дворовите и по нивите. Така што се надеваме до утре целосно да се повлече ако задржат временските услови. Од прилика има некаде над 150 хектари, а сигурно има и повеќе. Сега и да се засади нешто нема да успее родот, вели Васко Јанчевски, претседател на Месната заедница на село Раотинце.

Проблемот со поплавите долж течението на Вардар во оваа општина е децениски. Жителите и локалната самоуправа надеж гледаат во помошта од УНДП преку проект за регулација и чистење на речното корито.

„Во тек е заедно со УНДП поддржано од Швајцарската амбасада проект каде што ќе има чистење и регулација на река Вардар од 8,5 километри, на потегот од наслено место Туденце до под мостот кај каменоломот во Јегуновце. Сега е во фаза на тендерирање. Се лани  јуни – јули да заврши тендерот ж, негде од август да почне чистење и регулација на Вардар, изјави Димитар Костадиновски, градоначалник на општина Јегуновце.

По стабилизација на состојбата Комисијата за проценка на штети треба да излезе на терен. Од локалната самоуправа побараа помош од државата за обештетување на мештаните кои се погодени од поплавата.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе