Вести Свет

Блинкен во Пекинг за омекнување на американско-кинеските односи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг во Пекинг, на почетокот на дводневните разговори со кинеските претставници.

Посетата е прва на американски дипломат на Кина по речиси пет години. Американските власти велат дека главната цел на разговорите е да се стабилизираат односите кои станаа крајно напнати.

Средбата се случува, речиси, пет месеци откако претходната посета на Блинкен беше одложена, по летот на осомничен кинески шпионски балон во воздушниот простор на САД. Сега двете страни ги намалија очекувањата од некој голем пробив.

Според американските власти, целта е повторно да се отворат линиите на комуникација на високо ниво и да се стабилизираат односите. Војната во Украина, трговските спорови околу напредните компјутерски технологии, епидемијата на фентанил во САД и кинеското однесување за човекови права се темите за кои Американците очекуваат да се разговара.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Избирачките места утрово отворени, гласањето почна во 7 часот

Дејан Дејан

ЈСП денеска сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Граѓаните можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе