Вести Свет

Потврда од Русите: Крим е нападнат со дронови

Русија денеска објави дека Крим бил нападнат со дронови. Според гувернерот на полуостровот, воздушната одбрана соборила девет беспилотни летала, додека еден експлодирал во населено место, но нема информации за жртви.

Неколку членки на НАТО, пак, објавија дека почнале со обука на украински пилоти за управување со современи борбени авиони од типот на Ф-16. Тоа отвора можност за испорака на летала за Украина, штом заврши нивната тренинг фаза.

Велика Британија, има намера да испорача дронови со долг домет на Украина. Станува збор за беспилотни летала кои може да летаат повеќе до 200 километри и може да носат различни видови на муниција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе