Вести Македонија Топ вести

Му дале седатив, му направиле детални испитувања, но немал сериозна повреда – Кадриески пуштен на домашно лекување

Бекир Кадриески, претседател на струшкото Здружение на Бугари – Шемето“, е пуштен на домашно лекување, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски истакна дека случајот е брзо и ефикасно решен. Напаѓачот, како што истакна, е приведен, земени се изјави од нападнатиот и сведоците на инцидентот и на Обвинителството останува да процени и, врз проценките, да поднесе соодветен поднесок.

Кадриески за бугарските медиуми изјави дека физички бил нападнат од лице во Струга, откако го навредувал со зборовите „валкан Бугарин“.

Од струшката болница информираат дека Кадриески бил видно вознемирен кога бил примен. Му биле направени детални испитувања кои не покажале сериозни повреди, па откако му бил даден седатив, бил пуштен на домашно лекување.

Порталот Нова објави дека Кадриески бил соборен на земја, бил удиран со раце и клоци и бил навредуван со зборовите „валкан Бугарин“. Во веста на медиумот се наведува дека претседателот на „Шемето“ е државјанин на Македонија, има бугарски идентитет, но не и бугарски пасош.

Покрај медиумите во Бугарија, со реакција за случајот се огласи и партијата ГЕРБ на Бојко Борисов која го окарактеризира инцидентот како брутален чин на насилство врз државјанин на „Република Северна Македонија со бугарски идентитет“.

За Бугарите е брутален чин на насилство врз македонски државјанин со бугарска самосвест – нападнат претседателот на струшкото Здружение на Бугари „Шемето“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе