Вести Македонија Топ вести

(видео)Џејмс Рубин: Меморандумот потпишан со Северна Македонија не е решение, туку демонстрација на волја за борба против дезинформациите

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот, Џејмс Рубин во интервју за Гласот на Америка зборува на повеќе теми, меѓу кои и за потпишаниот Меморандум за разбирање на САД со Северна Македонија.

„Откривме дека поради постоењето на „Русија денес“ и „Спутник“ во Србија, тоа се користи за  мешање во Северна Македонија. Се договоривме со Владата на Северна Македонија да склучиме Меморандум за разбирање. Со овие меморандуми се воспоставува волја на друга земја да го третира проблемот со истата итност како што го третираме ние. Тоа не е решение, туку демонстрација на волја. Сега останува на нас да работиме со Владата на Северна Македонија за да им помогнеме да го следат интегритетот на својот информативен простор, да се обидеме да покажеме кога скриената рака на Русија се меша во нивниот информативен простор, да им дадеме алатки за анализирање на труењето на нивниот информативен простор. Тоа е всушност споделување на најдобрите практики за слободни медиуми, проверка на факти, градење отпорност“, објаснува Џејмс Рубин.

„Нашите партнери во Северна Македонија и другите делови на Балканот – Бугарија, Словачка – нѝ кажаа дека го препознаваат ова како голем проблем со кој тие се соочуваат, и ние сакаме да работиме со нив за да обезбедиме кога Русија или Кина или која било друга земја се меша во информативниот простор, тоа да е очигледно, да може да се припише на изворот, за да може јасно да се види влијанието на овие или други држави. Не е погрешно земјите да го презентираат своето гледиште, но тоа повеќе не треба да се крие. Треба да биде транспарентно“, вели Рубин во интервју за Гласот на Америка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе