Вести Македонија Топ вести

Стефкова и Герасимовски им кажаа на колегите што ги натерало да заминат од Судски совет 

По само 9 месеци откако беа избрани судиите Мирјана Радевска Стефкова и Зоран Герасимовски го напуштија Судскиот совет а на заминување јавно кажаа каде се разишле со советот последните неколку месеци. Врховната судијка беше децидна дека првото разрешување на Дамева било незаконско. Во однос на второто разрешување на Дамева кое следеше откако првото беше ставено вон сила, Радевска Стефкова забележува дека не било образложено.

Меѓу главните причини се најде и изборот на судии за Врховен, кога по долгата процедура беа избрани само двајца судии за граѓанскиот оддел и ниту еден кривичар, но и нетранспарентноста на советот.

Последните случувања во Судскиот совет кои наидоа на лавина критики во јавноста ги навел во кусата оставка и Герасимовски.

Колегите ги и ислушаа, но ги премолчаа директните критики кои ги испратија овие  двајца, сега веќе поранешни членови на Судскот совет. Радевска Стефкова рече дека влегла во советот со визија да ја зголеми заштитата на независноста на судиите, да придонесе ова судско тело да биде брана од влијанија и притисоци врз судииите и да се унапредуваат судии според професионалност и интегритет. Герсимовски, за да ја подобри лошата состојба во која се наоѓа судството. Но, денеска се поздравија и ја напуштија седницата. Нивните места треба да ги пополнат други судии, откако Советот ке организира избори.

Останатите членови денеска изгласа уште една промена во составот. Селим Адеми повеќе не е заменик претседател. Откако завршиле сите административни формалности за заведување на потписот на новиот претседател Сашко Георгиев, за нов заменик го избраа судијата Ханиф Зендели кој во судски дојде од Гостиварска апелација а претходно бил и судија и претседател во тетовскиот суд. Тој беше еден од членовите кои  според начинот на гасање припаѓаше на табоорот против екс претседателката Дамева.

По оставките на Стефкова и Герасимовски невладините повторно ги повикаа и останатите членови да преземат исти чекори. Сметаат дека само така Советот може да ги врати изгубените легитимитет и интегритет.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред нас е милионски долг за враќање, ќе се искористи ли новата милијарда која се најави за  раздолжување?

Дејан Дејан

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе