Вести Македонија Топ вести

Шокантно признание на министерот за здравство Фатмир Меџити – насилството во „Бардовци“ се случувало со години

По бурните реакции на граѓаните откако се појавија вознемирувачки видео снимки од Психијатриската болница во Бардовци, министерот за здравство откри дека ова не е прв пат во оваа установа да се случуваат вакви инциденти. Меџити додава дека вакви немили случувања имало години наназад.

„Целата јавност е запознаена со тоа. Ние бевме во контакт со директорот. Тоа таму не се случило сега, се случува години наназад и ние жалиме за тоа и поради тоа за прв пат покренавме мерки. Таму биле и службеници од МВР и ако треба ке бидат и судските органи што треба да се занимаваат со тоа, а ние сме тука за се да помагаме како министерство за здравство “,вели Фатмир Меџити министер за здравство 

По реакциите на медиумите здравствениот инспекторат изврши увид во болницата во Бардовци и нареди да се обезбеди лична сигурност на пациентите.  Од ДСЗИ велат дека ова е институционален проблем во кои се вклучени повеќе надлежни институции и побара оваа установа да има 24 часовно полицско обезбедување за да се спречат други несакани случувања.

„Писмено барање е доставено и до Министерството за правда во кое се укажува од потребата   затворската полиција освен затворите и воспитно – поправните установи да ги обезбедува и психијатриските установи во кои се спроведува мерката безбедност на осудени лица за кои е  задолжително психијатриско лекување и чување во здравствени установи. Побарано е одржување итен состанок и со претставници од  Основното јавно обвинителство, Основниот  кривичен суд за извршување на санкции, Министерството за здравство и Министерството за правда со цел обезбедување  доволно  ресурси за заштита на пациентите сместени  во судското одделение при ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје“, велат од ДСЗИ.

Деновиве на социјалните мрежи се појавија вознемирувачки видео снимки на кои се гледа како пациенти физички го малтретираат новодојдениот пациент за како што вели човекот кој што ги снима и објавува овие видеа, да се запазела праксата. Станува збор за лица кои се сместени во судско одделение, каде што се третираат пациенти кои извршиле кривично дело убиство или обид за убиство. Мерки за расчистување на случајот преземаат и МВР и директорот на Болницата.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе