Вести Македонија Топ вести

Пороен дожд и град, улици претворени во реки – невреме во Делчево

Големо невреме, проследено со пороен дожд и град, го зафати Делчево попладнево. Под вода се многу од улиците во ниските делови од градот, а според Центарот за управување со кризи до сега има пријавено 10 поплавени објекти.

На снимките и фотографиите кои до нашата редакција ги испратија граѓани, се гледаат улици кои наликуваат на реки и речиси целосно поплавени автомобили.

Во дел од делчевските населби во прекин е снабдувањето со електрична енергија.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека екипи од ТППЕ Делчево се излезени на терен и интервенираат со две возила и петмина пожарникари, заедно со екипи на јавното комунално претпријатие.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе