Вести Македонија Топ вести

Пендаровски воздржан, ќе чека конечно решение за уставните измени

Претседателот Стево Пендаровски нема да ја коментира вчерашната лидерска средба ниту решенијата за уставни измени кои на маса ги ставија лидерите на двете најголеми политички партии Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.

Од неговиот кабинет со став за Фокус претседателот ќе го чека крајниот исход. Вчерашната лидерска средба која траеше околу 2 ласа не вроди со договор.

Предлогот кој на маса бил ставен од СДСМ бил сите заедно да ја изгласаат потребата за донесувањето на уставните измени и веднаш потоа ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата во која ќе добие пет од ресорите кои сега ги има СДСМ.

Таа влада во која ќе бидат сите политички партии кои се за евроинтеграциите ќе ги донесе уставните измени, ќе го заврши скрининг процесот и ќе ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ, при што може и да затвори едно или две од поглавјата од првиот кластер. Потоа, истата таа Влада ќе ги организира следните избори.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека се подготвени да влезат  во Влада со СДСМ и останатите партии, но без учество на ДУИ.

Освен овој услов, што ДУИ експресно го прифати, Мицкоски бара уставните измени да стапат на сила од денот кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките на ЕУ од парламентите на 27 членки. Исто така, услов на ВМРО-ДПМНЕ е и ЕУ да донесе Декларација со која ќе нагласи дека го признава посебниот македонски идентитет, јазик, култура, обичаи и традиции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе