Вести Македонија Топ вести

Оставките на Стевкова и Герасимовски денеска на дневен ред, стручната служба на Судски совет влезе во штрајк

Оставките на Стевкова и Герасимовски  денеска ќе се најдат на дневен ред на Судски совет. Блупринт групата очекува дека и останатите ќе преземат ваков чекор.

Заменик министерката за правда пак не ги коментира оставките, но негира политички влијанија врз ова судско тело.

Проблемите ќе се пресликаат и во извештаите на ЕУ, сметаат невладините, а шведската амбасадорка предупреди дека унијата одблиску следи се` што се случува во правосудството.

Во меѓувреме кулминираше и незадоволството на вработените во стручната служба на Судскиот совет. Излегоа на штрајк и се заканија дека нема да сопрат се` додека надлежните не обезбедат пари за исплата на  додатоци на плата во износ од 30 проценти.

Бараат и потпишување  на анекс договор за измена на колективниот договор. Од Судскиот совет претходно им порачаа дека ќе мора да почекаат ребаланс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доцни сеидбата на ориз во Чешиново Облешево

Дејан Дејан

Коѕијас ја критикува грчката влада за неспроведување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Пред нас е милионски долг за враќање, ќе се искористи ли новата милијарда која се најави за  раздолжување?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе