Вести Македонија

Триесет и две работнички од штипска текстилна конфекција обештетени за околу 42 000 евра од два странски брендови

32 работнички од штипска текстилна конфекција добија  обештетување од околу 42.000 евра од два странски брендови.

Битката и преговорите, кои ги водеше „Гласен Текстилец“ се одвиваа две години. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека на Балканот ова е прва ваква победа за текстилните работнички, кои останаа без работа.

Според Ампева ова треба да биде пракса која ќе им покаже на македонските работодавачи дека, постои мрежа на асоцијации во цела Европа, вклучително и Македонија, кои ги штитат работниците.

Забележа дека европските брендови се општествено одговорни, за разлика од одредени компании во земјава, кои работат за нив.

Странските брендови во овој случај ги расчистија партнерските односи со штипската  конфекција,  а соработката ја продолжиле со други македонски компании.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

Дејан Дејан

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе