Вести Македонија Топ вести

Пред лидерската во среда – Ковачевски сака брзи уставни измени, Мицкоски сака договор и за резервно сценарио

Премиерот Димитар Ковачевски очекува ВМРО-ДПМНЕ да поддржи одлука за интеграција на земјата во Европската унија, односно за уставни измени кои се услов за Македонија да ги почне преговорите со Унијата.

Пред лидерската средба, закажана за в среда, Ковачевски вели дека заклучоците се многу едноставни: на една страна е интеграцијата во ЕУ, а на друга страна изолацијата.

Очекува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да најдат заеднички јазик за клучните теми за државата.

Мицкоски, пак, очекува на средбата да се разговара и за второто можно сценарио, односно што ако уставните измени не поминат во Собрание.

Тој тоа го најави уште пред три дена, инсистирајќи дека средбата треба да биде во формат еден на еден, а не како до сега да присуствуваат и тимови на двете страни.

Тоа го смета за начин да може да се излезе со заклучок после средбата. Партијата и денеска го повтори овој став

„Лидерска средба не е средба за ПР, туку средба од која треба да произлезат реални заклучоци. Ковачевски да се охрабри да дојде на лидерска, на која ќе се разговара што после неуспехот на уставните измени.  Одговорност за погрешните политики, и водење на државата спротивно на ставот на 80% од Македонците мора да има“ – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен уставните измени тема на лидерската средба ќе бидат и добрососедските односи, односно пристапот на државата, на институциите и на политичките партии за градење и одржување односи со сите соседи.

Премиерот и денеска повтори дека нема да има предвремени избори, туку дека тие ќе се одржат во редовниот термин идната година.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе