Вести Македонија

Две прослави на роденденот на ДУИ – Ахмети со раководството во Скопје, Огнените во Тетово

Дебата за ЕУ во Скопје, средба со граѓани во Тетово. Поделената партија ДУИ, го славеше 21-от роденден на два фронта. Во скопскиот, таканаречен „европски фронт“ организиран од раководството,  се влегуваше низ цветен премин.

„Зелената“ партија повика поранешни функционери, амбасадори и аналитичари, кои дебатираа на ЕУ-перспективата. Претседателот на партијата е голем оптимист за тоа кога ќе влеземе во ЕУ.

Поранешната министерка за одбрана,  Радмила Шеќеринска, пак,  смета дека треба да се разберат и граѓаните кои се против уставните измени.

Аналитичарот Арсовски предупреди дека, државата е на крстопат, а алтернативата не е толку едноставна.

Додека во Скопје траеше дебатата, дел од основачите на ДУИ, сега членови на партиската фракција, славеа во Тетово.

На присутните им се обратија координаторот на тетовскиот огранок, Муамет Амени и поранешниот министер, Муса Џафери.

Тие, пак, се осврнаа на патот по кој сега се движи партијата, со голем број забелешки особено за ароганцијата на Артан Груби која, според нив, предизвикува голем револт кај граѓаните.

Присутните имаа забелешки и за степенот на корупција и криминал, како и за големиот број на обложувалници и казина.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе