Вести Македонија

Апсења во Скопје за поседување дрога, уапсени три лица во градскиот парк

Серија апсењата поради дрога вчера во Скопје информираат од МВР. Само во градскиот парк уапсени три лица. Случаите денеска се најдоа во МВР билтенот.

– На 02.06.2023 во 01.20 часот од угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Б.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

– На 02.06.2023 во 02.05 часот од угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Т.К.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

– На 02.06.2023 во 01.40 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на сите одделни слуачи ќе следи соодветен поднесок против сторителите.

Се апсеше и во Центар и Ѓорче.

– На 02.06.2023 во 05.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

– На 01.06.2023 во 17.20 часот од угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.А.(27) и И.Л.(31), двајцата од Скопје, затоа што кај Н.А. била пронајдена и одземена марихуана, а кај И.Л. биле пронајдени и одземени 9 куршуми од пиштол 9 мм.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе