Вести Македонија

Советот ќе проверува дали Дамева имала судир на интереси

Во понеделник на седница на Судски совет, повторно на тапет е работењето на екс претседателката на судски Весна Дамева. Во центарот и овој пат е предметот Таргет Тврдина и судијата Енвер Беџети за кој советот претходно утврди дека неоправдано долго го држел предметот за масовното прислушување .

Од Советот за Телма потврдуваат дека  под точка разно ќе се дискутира дали Дамева имала судир на интерес и учествувала во постапки  за  оценување на судии, кои суделе предмети каде оштетен или странка бил нејзиниот сопруг или компанијата на која е генерален директор.

Порталот „Рацин“ објави дека Дамева испратила два дописи до судски на 29 -ти мај со кои пост фестум известува дека била член на Комисија за рангирање во постапките за евалуација на судии кои воделе предмети,  во кои сопругот како директор на компанијата бил тужител или оштетен, но и дека била членка на Комисијата на известители за утврдување одговорност за судија судијата Енвер Беџети.

Дамева гласала за да му се покрене постапка за разрешување на затоа што 9 месеци го држел предметот Таргет Тврдина,  а во тој предмет оштетен бил нејзиниот сопруг.

Според Дамева со тенденциозно извртување на фактите се води организирана хајка против неа затоа што поденесе тужба пред Управниот суд и кривична пријава во обивнителството. Тврди дека неодамна, случајно, дознала дека сопругот бил оштетен во овој предмет по што писмено го известила Советот и со тоа постапила согласно членот 33 ст 4 од законот за судски совет според кој ако членот на советот во вршењето на својата функција дознае дека постоејат околности кои може да предизвикаат сомневање во неговата непристрасност, е должен веднаш за тоа да го извести Советот, кој ќе донесе соодветна одлука. Таа објаснува дека член на советот треба да се изземе односно да не учествува  во работа на Советот во постапки во кои се одлучува за судија со кој е во брачна или вонбрачна заедница или за роднина.

  • Сосема е јасно дека мојот сопруг не е судија ниту кандидат за судија ниту пак јас сум учествувала во постапка која се одлучува за него. Фактот  дека компанијата во која работи се јавува како странка или оштетен пред судот не значи дека јас априори можам да бирам пристрасна, туку постпаувајки законски и морално го известив Советот, веднаш во моментот кога дознав за наведените околности…Сосема ми е јасно дека јас сум пречка за да може работите да се одвиваат онака како што некој сака и замислил и обидите за мое “отстранување “ и  како член на советот ги најавив во една од претходните изјави, вели Дамева. 

Драмата со разрешувањето на Дамева и случувањата во судски совет и понатаму се главна причина за брјни критики. Последен кој дирекно кажа дека телото го изгубило легитмитетот е холандскиот амбасадор Коп.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе