Вести Македонија

Дали е стопиран проектот за пречистителната станица во Скопје?

Проектот за пречистителната станица за отпадни води во Скопје е во застој. Извори на Телма тврдат дека сите активности сопреле заради разрешување на раководителката на проектната единица. Директорот на ЈП Водовод и канализација Илиевски ја разрешил и покрај тоа што во договорот јасно стои дека не смее да се разреши никој без да одобрат оние кои го финансираат проектот- Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ). Тие преку писмено известување бараат одговори зошто е разрешена раководителката и се заканија дека нема да учествуваат се додека Градот Скопје и ЈП Водовод и канализација не обезбедат соодветни претставници.

Министерката за животна средина и просторно планирање Шукова која претходно велеше дека на состаноците немало претставници од Град Скопје и ЈП Водовод и канализација овојпат се ретерираше самата себе и кажа дека проектот тече во најдобар ред.

Имаше загриженост која беше проследена до јавноста, а во овој случај според информациите што ги добивме од Град Скопје и ЈП Водовод и канализација работите продолжуваат како што треба согласно планираните активности. Го поздравуваме тоа затоа што тие изразија спремност за учество во редовните состаноци за изградба на пречистителната станица, вели Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање .

Дека нема застој во проектот тврди и градоначалничката на Град Скопје Арсовска која демантираше се и кажа дека проектот се движи со соодветна динамика, но избегна конкретни одговори зошто е разрешена директорката на проектот.

Не знам зошто мислите дека 2019 година е толку многу далечна. Воопшто не е. Таа е година во претходниот мандат кога претходниот директор си направил свој тим со којшто планирал да работи на имплиментација на таа фаза од тој проект. Таа фаза е завршена и во новата фаза секој што си го води претпријатието, а тоа е новиот директор и тој треба да си избере свој тим,  вели Данела Арсовска, градоначалник на град Скопје.

Постапката за пречистителната станица за отпадни води започна во декември 2019 година кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, а директор на „Водовод и канализација“ Душко Весковски. За овој тендер имаше големи политички препукувања меѓу градоначалничката на Град Скопје Арсовска и тогашниот директор на водовод Златко Пирински кого го обвини дека местел тендери порачувајќи им дека се фатени со рачињата во медот, а тие и одговорија дека таа го мести тендерот за турска фирма.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе