Вести Македонија

5 повредени лица од кои двајца се во тешка состојба во сообраќајната несреќа крај Групчин

Тешка сообраќајна несреќа доцна синоќа на делницата кај Групчин, тетовско, во која повредени се пет лица од кои две се во тешка состојба.

Во несреќата според информациите од МВР учествувале две патнички возила, а едното од нив од силината на ударот се превртило и излетало од патот. Било управувано од 20 годишник од скопско Морани. Со екипи на итната медицинска помош повредените се префрлени во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид извршија екипа од СВР Тетово. А на терен беа до доцна синоќа беа излезени полициски службеници за да го обезбедат местото и да помогнат во регулирање на сообраќајот. Од МВР повеќе детали за несреќата најавија за денеска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе