Вести Македонија

Идејата за нов клинички е жива

Министерот за здравство Меџити не се откажува од изградба на нов клинички центар. Останува истата локација, но сепак тоа е голем и комплексен проблем во кој треба поголем консензус од политичките партии. За изградба на овој клинички центар не плаќаат пенали, но Интерната клиника која требаше да се гради на гинекологија е во арбитажа. Тие ќе одлучат како ќе постапат понатаму. Проектот за новиот клинички е презентиран пред одредени амбасади и тие покажале интерес.

Голем е проектот и капитален. Јас би кажал дека тој проект е уште поголем од коридорите 8 и 10 Д, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

Министерот Меџити инсистира за рарешување на досегашните медицински и организациони директори на Клиничкиот центар Мајка Тереза. Тврди дека тоа ќе се случи од 1ви Јануари 2024 година.

Информацијата за разрешување на досегашните оргазациони директори е доставена до Влада, а модалитетите ќе ги одлучат заедно со експертите.

Со нивното разрешување државата ќе заштети половина милион евра годишно кои можат да се пренаменат кон пациентите смета Меџити.

Дваесет милиони евра во моментот заедничките служби се во минус. Кујната е четири милиони евра и не знае кој го чисти ходникот или прозорот. Во професионалниот дел на работењето на клиниките имаме проблем. За конзилијарните докторот дали сака, дали не сака да оди затоа што се тие посебни субјекти, додава Меџити.

Организациските или економските директори, за првпат беа именувани во 2015 година од поранешната влада на Никола Груевски. Кои нивната одлука за поставување на економски директори ја правдаа со потреба за менаџирање на работен однос.

Нивно разрешување беше ветувано и од претходните министри – Беким Сали, Венко Филипче и Арбен Таравари.

Во моментов во јавните здравствени установи во Македонија има 26 организациски директори за кои Меџити тврди дека ќе ги укине бидејќи само го  оптоваруваат државниот буџет.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Против сум избрзани решенија, мора да имаме јасна стратегија и концепот каков Судски совет сакаме да имаме

Дејан Дејан

Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунел во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе