Вести Македонија

Реториката на СДСМ за обезбедување на двотретинското мнозинство може да има контра ефект, предупредуваат аналитичарите

Аналитичарите не го разбираат оптимизмот на владата во врска со обезбедувањето на потребното мнозинство за уставните измени, кои се неопходни за почетокот на преговорите за пленство во ЕУ. Универзитетскиот професор Васко Наумовски во вечерашното издание на Вин Вин на Телма рече дека не гледа реална основа за таквите изјави на владините и претставниците од мнозинството, освен како обид за таквиот оптимизам да го обезбедат потребното двотретинско мнозинство.

Од една страна ги имаме тие оптимистички изјави дека веќе се обезбедени пратениците, од друга страна ги имаме изјавите дека ниту еден од пратениците на опозицијата нема да гласа, што значи дека ќе биде навистина интересно во моментот кога ќе се пристапи кон обезбедување на пратениците за потребата за измена на Уставот, а тоа според роковите би требало да се случи некаде во текот на летото. Од таму и ова, според мене, несфатливо одолговлекување на работата на комисијата. Работата на комисијата, да бидеме реални, се сведува само на интервенции во Преамбулата, и во два или три члена на Уставот, што може да се заврши за неколку часа. Ми се чини дека како да купуваат време, знаејќи дека доколку се заврши работата на оваа комисија ќе нема што да се чека и веќе ќе треба да се пристапи кон донесување на одлуката во Собранието, рече професорот Наумовски.

Додава дека необезбедувањето на двотретинското мнозинство ќе биде сметано како неуспех, а без почеток на преговотие со ЕУ, СДСМ ќе нема со што да излезе на парламентарни избори.

Тука се и овие отворени критики кои што се упатуваат од страна на ЕУ и други меѓународни фактори кон власта на СДСМ и во многу други области, борбата против корупцијата предничи, меѓутоа и некои други процедури вклучително и онаа за инфраструктурните проекти, и СДСМ едноставно и она што го имаше како адут и предност во однос на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е наклонетоста на меѓународната задница за време на своите мандати, сега полека го губи и нивните најтрадиционални партнери како веќе да се откажуваат од нив, смета Наумовски.

Универзитетскиот професор Ненад Марковиќ пак смета дека низ историјата на самостојната македонска држава се провлекува еден проблем кај повеќето влади, во смисла дека речиси секоја влада се фокусира на едно прашање кое го смета како главно, занемарувајќи многу од реалните прашања.

На почеткот еуфорично, на почетокот ќе правиме економски реформи, едно општество за сите, или на Дуинг бизнис ќе се натпреваруваме, за на крајот на владеењето на Груевски тоа да се сведе на некаква гола антизападна реторика, а сега да се сведе на некаква гола прозападна реторика. Гола е и во едниот и во другиот случај затоа што во првиот случај неуспешна беше од една причина, а сега од сосема друга причина, смета професорот Марковиќ.

Коментирајќи ги постапките на владејачката партија, меѓу кои и соопштението на централниот одбор на партијата дека го овластуваат лидерот на партијата и премиер Димитар Ковачевски да ги превземе сите потребни чекори за блокадата да биде надмината, рече дека таквата реторика и инвестирањето на целиот процес во рацете на еден човек може да има негативен ефект.

Таквата реторика има за цел да ја крене температурата во општеството апрпо еврпските процеси. Прашањето е што тоа ќе донесе на долг, нема да има долг рок, ќе има избори следната година, на краток или среден рок ќе даде некаков резултат. Се ставате во врвот, инвестирате во врвот за тој да ја пробие таа блокада, меѓутоа не сфаќајки дека во суштина не може таа да биде пробиена на начин на кој вие само ќе ја кревате температурата во општеството, а притоа тоа нема да има никаков резултат. Може да се врати лошо, како бумеранг, тој тип на реторика и тој тип на напор, Затоа што ако остане нереализиран, ако остане само реторика, ако остане само форма на политички притисок, тогаш е многу лошо. Особено кога работната група ќе заврши со сѐ, и ќе се направи она што може да се направи за неколку часа, ќе остане прашањето „каде сега?“ Тогаш ќе сфатиме дека сме се вратиле на почетокот, каде што вие пак не можете да го одоброволите ВМРО-ДПМНЕ да ви ги даде потребните пратеници, смета професорот Марковиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкотска има нов премиер ,втор во рок една недела

Дејан Дејан

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе