Вести Македонија

Три украдени, неколку искршени- приказна за сините градски тротинети во судир со примитивниот менталитет

Речиси на секој чекор во главниот град можат да се најдат овие сини тротинети. Ги има околу 500 на број, а служат како превозно средство за брзо и ефикасно пробивање низ градскиот метеж. Стигнаа од Турција, а некои од нив не издржаа ни една недела во главниот град откако се соочија со нашиот примитивен менталитет.

Искршени,фрлени во контејнери,украдени се само дел од фотографиите на овие сини уреди кои требаше да бидат декор на Скопје. Свеста и лошите патишта се само дел од проблемите поради кои граѓаните се скептични дека оваа идеја би траела подолго.

„Јас не верував уште од самиот почеток дека би функционирале воопшто тука, затоа што овој народ нема свест за таква работа“, вели граѓанка.

„Веројатно некои улици се поадекватни за нив, некои не исто како и за велосипеди. Така што и да и не“, вели друг граѓанин.

„Па искрено идејата е одлична, пред се во сите светски и европски градови тоа постои. Кај нас мислам дека не е регулиран сообраќајот за да се користат воопшто. Нашата свест е дека треба да се оштети се што е јавно, така да не верувам дека би успеала“, вели граѓанка.

Дел од граѓаните на социјалните мрежи се жалат дека софтверот за наплата не функционира и дека од сметките им се извлечени големи суми на пари… Операторот за онлајн поддршка велат комуницира само на англиски и на турски јазик па оттука решавањето на проблемите оди тешко додека сметката расте. Менаџерот на компанијата БинБин за Телма уверува дека проблемот е решен и дека средствата ќе им бидат вратени, и апелира на поразумно користење, но и грижа за сините тротинети.

„Со тие корисници веќе стапив јас лично во контакт и беа позитивно настроени дека на нив средствата веќе им се вратени, но во моментот биле во паника па мислеле дека тоа нема да се стопира, но веднаш од компанијата им е стопирано и вратени им се сите средства до тој момент кога е одлогирано“, вели за Телма Висар Дурак менаџер на Бинбин.

Тарифата за изнајмување на електричен тротинет изнесува 9 денари за минута без данок, а се користи преку апликација на мобилниот телефон.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе