Вести Македонија Топ вести

Бугарски амандмани за извештајот за Македонија во Европскиот Парламент

Со бројни амандмани бугарските европарламентарци ќе се обидат да влијаат на извештајот за Македонија, кој утре е на дневен ред во Европскиот парламент.

Андреј Ковачев и Лукас Манд на пример, бараат да се отфрли делот каде во изештајот пишува дека процесот на пристапување нема да биде злоупотребен за решавање билатерални прашања.

Во друг амандман, европратеникот Ангел Џамбаски бара да се внесе дека Македонија не се придржува до Договорот за добрососедство особено во поглед на говорот на омраза против Бугарија и признавање заедничка историја.

Група пратеници на чело со Сергеј Станишев бараат во извештајот да влезе и дека постојат се поголем број инциденти на етничка и политичка основа, вклучувајќи го и обидот да се запалат просториите на Бугарскиот културен клуб во Битола во јуни лани како и насилен напад на секретарот на Бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид.

Ова се само дел од интервенциите кои ги бараат европратениците од Бугарија во извештајот на Илхан Ќучук во кој инаку се забележува посветеноста на Македонија за позитивна дипломатија и добрососедски односи и ја повторува својата целосна поддршка за доследна меѓусебна имплементација на договорите со Грција и Бугарија.

Нацрт-извештајот ги поканува политичарите и општествата и во Бугарија и во  Македонија да преземат заедничка одговорност и да се врати позитивната агенда меѓу двете земји во духот на Договорот за пријателство, а дава поддршка за продолжување на дијалогот за решавање на билатералните поплаки со добра волја.

Во документот се повикува на смиреност, достоинство и зрелост во билатералните односи и ги повикува регионалните партнери да ја вратат довербата и да соработуваат во духот на добрососедството.

Документот го изразува ставот на Европскиот парламент и не е обврзувачки документ за Европскиот совет.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе