Вести Македонија

Се чека одлуката на СПЦ за интеграција на ПОА во МПЦ-ОА

Соборот на Српската православна црква (СПЦ) кој го одржува редовното пролетно заседание треба да одлучи на кој начин ќе се изврши интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА. Одлуката околу статусот на ПОА ќе биде објавена во соопштение по завршувањето на заседанието а очекувањата се таа да биде избршишана од уставот на СПЦ и да престане да постои како автономна епархија во рамките на српската црква откако минатата година СПЦ и автокефален статус на МПЦ-ОА и со тоа и призна самостојно и независно функционирање.

МПЦ-ОА на крајот на минатиот месец на седница на Синодот расправеше по истото прашање но официјално не беше соопштено дека е постигнато решение, пред се бидејќи владиците на ПОА мораат да бидат отпишани од СПЦ.

Неофицијално владиците од ПОА ќе добијат на управување две или три епархии на МПЦ-ОА.

Токму интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА е нотирано и во годишниот извештај за верски слободи на американскиот Стејт Департмент каде е наведено дека процесот заклучно со 2022 година не е завршен.

Во извештајот стои и дека ставот на ИВЗ е дека владата продолжува да покажува фаворизирање кон МПЦ-ОА, иако бил забележан напредок на односите релација ИВЗ – Влада. ИВЗ исто така изразила загриженост поради постаење на две верски радикални групи во Скопје и Куманово за кои побарала Владата да ги дерегистрира но тоа не било сторено.

Отварањето на бугарските клубови во Македонија е една од точките во извештајот поради забелешките на еврејската заедница околку имињата – Ванчо Михајлов и Цар Борис – соработници на нацистичка Германија во втората светска војна, но наведено е дека во ноември минатата година се направени законски измени со кои се регулира и ограничува употребата на ентитети.

Во март годинава згаснаа двете бугарски држуенија поради ширење нетолеранција и нетрпеливост.

Во извештајот се наведува дека земјата има 43 признати верски организации, вклучувајќи ги и петте наведени во Уставот (МПЦ-ОА, ИВЗ, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква во Македонија (ЕМС) и Еврејската заедница. Овие пет групи, како и другите регистрирани групи, се одвоени од државата, еднакви пред законот и слободни да основаат средни училишта, добротворни организации и други социјални институции.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе