Вести Македонија

Расцепкан парламент-нестабилна влада?!

Расцепкан парламент значи нестабилна влада, предупредуваат политичките аналитичари, коментирајќи ја идејата за една изборна единица. Сугерираат дека, сите изборни реформи мора да се спроведат претпазливо и со претходни сериозни подготовки.

Една изборна единица е најпосакуваниот концепт за помалите партии, но и за партиите во најава.

Помалите партии деновиве, по којзнае кој пат, побараа да се извади нивниот закон од фиока и промената на изборниот модел да се стави повторно на дебата. Бараат воведување на една изборна единица, без праг, за да им се даде можност да настапат самостојно, по што ќе се знае точно која партија колкава поддршка има од граѓаните.

За нив е неприфатливо барањето на ДУИ, доколку се отвори ова прашање, да се вметне висок праг од 5 отсто. Но, и премиерот, на вчерашниот брифинг со новинари, рекол дека изборен праг мора да има, но му се поинтересни бројките од 3 проценти и 4,5 проценти. Декларативно, го поддржува предлогот за една изборна единица, но и тука има услов- отворени листи.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе