Вести Македонија

Неиздадени и неевидентирани фактури за закуп, фактури без потпис – ревизорски извештај за ОУ „Љубен Лапе“

Неиздадени и неевидентирани фактури за закуп, фактури без потпис, немање попис за побарувањата на купувачите и слично. Вака функционирало основното училиште „Љубен Лапе“ во 2021-та година, констатира конечниот ревизорски извештај за самофинансирачките активности.

Заради тоа, изразено е неповолно мислење за објективноста на финансиските извештаи и усогласеноста со законите. По ревизијата на сметката на расходи на дотации, изразено е неповолно мислење и за објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста со законите.

Причината е што нема систем на внатрешни контроли и целосен попис на средствата и обврските, а има слабости во канцелариското и архивското работење и несоодветно сметководство кон добавувачите. Во периодот што е предмет на ревизија, одговорни лица се поранешните директорки Марјана Панчевска и Сања Стојанова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе