Вести Македонија

Насмевки и ветувања на средбите, потоа молк – пациентите со цистична фиброза сè уште чекаат на позитивен одговор за Трикафта

Добија ветување дека ќе го добијат лекот Трикафта, но дури и по две недели од последниот протест пациентите со цистична фиброза сè уште го чекаат позитивниот одговор. Тогаш претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза беа на средба со првиот човек на финансии, Фатмир Бесими кој им вети дека до 10 мај проблемот ќе биде решен со тоа што ќе им биде соопштено за колку пациенти ќе стаса лекот и колку средства ќе бидат одобрени, вели Пехчевски, пациент со цистична фиброза.

„Единствено што беа викнати на средба претставниците на Асоцијацијата за цистична фиброза. Тоа што беше ветено е лек за 18, а може да стигне и за 25 пациенти. Се уште нема ништо. Еве на седницата на Влада воопшто не беше споменато за пациентите со цистична фиброза“, велиИгор Пехчевски, пациент со цистична фиброза.

До сега Пехчевски не го контактирал никој од надлежните, па доведен е во ситуација повторно да апелира во името на сите пациенти „Трикафта веднаш и сега за сите подеднакво“.

„Сè уште сум под антибиотски терапии и неколку инхалации, но веднаш ми е потребен лекот Tрикафта. Не смее веќе да се чека, има и други пациенти што се плашат да говорат јавно за да не бидат погрешно сфатени и да си ја кажат својата мака. Апелирам веднаш до крајот на овој месец да биде набавен лекот за сите пациенти што уште 68 остануваме без лек. Уште 68 го имаме генот што можеме да го примаме лекот што може да ни делува, другите до 140, за жал, ќе треба некој друг лек да излезе за да им делува“, додава Пехчевски.

Според Пехчевски крајно време е надлежните институции да не си ја префрлаат топката меѓусебе и да тактизираат со трпението и здравјето на пациентите.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе