Вести Економија Македонија Топ вести

Коридорот 8 станува дел од мапата на главните коридори на Западен Балкан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ќе престојува во работна посета на Црна Гора каде ќе се одржи министерска конференција на земјите од Западен Блакан во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница и ЦЕФТА.

Во рамки на конференцијата, ќе се потпише Анекс на Одлуката на Европската Комисија  за разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија.

Со потпишувањето на овој документ Коридорот 8 станува дел од мапата на главните коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија. Тоа следува откако ЕУ го прифати барањето на Северна Македонија, Бугарија, Италија и Албанија, Коридорот 8 да влезе во мрежата главни коридори во регионот и во Европа.

Целта на развојот на Транс-европските транспортни мрежи е обезбедување непречен, одржлив и ефикасен транспорт низ Унијата, зајакнувајќи го социјалното, економското и територијалното единство.

Откако Европската комисија во декември 2021 година предложи ревизија, со цел да ги вклучи приоритетите од Зелената агенда, стратегијата за одржлива и паметна мобилност и стратегијата за поврзување, донесена е одлуката за продолжувања на индикативните карти на ТЕН-Т на конкретни соседни земји, вклучително и на регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Северна Македонија, Србија и Црна Гора).

  • Индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа, продолжени до Северна Македонија, имаат за цел да обезбедат кохерентност помеѓу Транс-европската транспортна мрежа на ЕУ и транспортната мрежа на Северна Македонија; да промовираат соодветно планирање и развој на одржливо и ефикасно транспортно поврзување помеѓу ЕУ и Северна Македонија; олеснување на идентификувањето заеднички инфраструктурни приоритети меѓу ЕУ и Северна Македонија; олеснување на развојот на постојната транспортна мрежа, информираа од Владата на 10 мај кога ја седница беше усвоена информацијата за анексот за договорот.

Впишувањето на Коридорот 8 во трансевропските транспортни мрежи е еден од аргументите на Владата за означувањето со европско знаменце на законските измени повзрани со изградбата на  четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д, покрај тврдењето дека со измените ќе се овозможи побрза и поевтина изведба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе