Вести Македонија

Неисполнети барања од централната и локалната власт – лицата со попреченост на протест на 7 јуни

Поради неисполнети барања, упатени до централната и локалната власт, Коалицијата „Менуваме“, која се бори за правата на лицата со попреченост најави голем протест во Скопје на 7 јуни. Не се задоволни од добиениот додаток за попреченост од 14,9% во услови на инфлација. Велат, со тие пари не се покрива ни еден трошок. Гневни се и на ветувањето на министерката за труд дека паричната помош од 3.000 денари за енергетската криза ќе ја добиваат до крајот на јуни, но им била запрена со исплатата за март. До централната власт испорачаа барања во стилот на зголемените плати на функционерите до 78%.

„Додатокот за попреченост како за возрасни, така и за деца да се покачи за 78%. Бараме 78% покриеност со образовни асистенти во сите образовни установи, наменети за деца со попреченост. Потоа бараме досегашното користење на асистенти од 80 часа месечно да се зголеми на 160 часа, бидејќи 80 часа не ги задоволуваат потребите“, изјави Суарет Алишан од Коалиција „Менуваме“.

Од Коалицијата бараат трошоците за ортопедски помагала да ги покрива Фондот за здравство, да се формираат велнес центри за рехабилитација на лицата со попреченост, а надлежноста за нив од Министерството за труд да ја превземе Министерството за здравство. Имаат барања и кон локалната власт.

„Бараме пристапен јавен превоз. Бараме пешачки патеки за лица со попреченост и бараме сите семафори да бидат говорно опремени за сите лица со попречен вид“, истакна Алишан.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека се отворени за конструктивни дискусии и дека ќе продолжат со социјалните парични права и нивно усогласување со трошоците за живот. А, паралелно ќе развиваат социјални услуги, согласно потребите на корисниците. А, од Град Скопје велат дека за говорните семафори, од коалицијата треба да достават барање со предлог локации за поставување, што ќе биде разгледано.

Доколку не се реши проблемот со јавниот превоз, од коалицијата најавија кривични пријави до градоначалничката Арсовска и до ЈСП. Барањата до централната и локалната власт ги испратиле до Уставниот суд и очекуваат од таму да се изјаснат за нив.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе