Вести Македонија

Нарачатели неоткриени и 8 години по Диво Насеље- и Спасовски ги бара, а делото на терористите со помеша со она за крвавиот четврток

8 полицајци загинаа, 54-ца беа ранети или повредени. Крвавиот биланс на борбата со терористичката група во Диво Насеље се повторува и на оваа 8-годишнина од настанот без да бидат откриени и казнети нарачателите на инцидентите. И министерот Спасовски спомнува нарачатели без објаснување зошто не се казнети, но прави и грешка со кривичното дело и тврди дека кумановската група е судена за „терористичко загрозување“- делото за кое беа гонети учесниците во крвавиот четврток во Собранието.

Пред 8 години на денешен ден се случи терористичкиот напад во кумановската населба Диво Насеље. Во дводневните престрелки загинаа 8, а беа ранети и повредени 54 полицајци.

Припадниците на специјалната и на посебната единица на МВР Жарко Кузмановски и Сашо Самојловски од с.Брвеница, Ненад Серафимовски од с. Зубовце, Горан Илијевски од Гостивар, Бобан Ивановиќ, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ од Скопје загинаа во борбите со терористичката група.

Десет припадници на групата загинаа додека 33-ца беа судени за тероризам, а најголем дел од нив добија доживотни,40-годишни и 20-годишни затворски казни.

Никогаш не беа разјаснeти пропустите во акцијата и како беше дозволено терористичката група да се спушти од Косово и Гошинце до Куманово и да утврди борбени  позиции во Диво Насеље.

Три дена по настаните, оставка си поднесоа тогашниот прв човек на УБК Сашо Мијалков и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска преку ФБ објава, како жител на Куманово им оддаде почит на загинатите полицајци и посочи дека станува збор „за вознемирувачки и трагичен настан кој засекогаш ќе остане во колективната меморија на кумановци како голема траума.“

И во денешното обраќање Спасовски вели дека „граѓаните од целата држава ќе паметат дека нарачателите не ја остварија својата цел да ја одржат неизвесноста во која режимот ги држеше во заложништво државата и граѓаните.“

Но министерот за внатрешни работи не посочува кои се нарачатели и зошто не се откриени и казнети иако тој во неколку наврати од 2016-та наваму е на министерската позиција.

Спасовски во својот ФБ статус прави и грешка и вели дека судските архиви сведочат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“ иако кумановската група беше судена за тероризам и терористичка организација.

За делото кое го спомнува Спасовски, беа обвинети и судени учесниците во крвавиот четврток и упадот во Собранието на 27-ми април 2017-та.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе