Вести Македонија

Државната матура да се префрли во јуни поради штрајкот на Државниот испитен центар, бараат средношколците

Итно решение за проблемот со државна матура, бараат од Сојузот на средношколци кои апелираат, Министерството за финансии да ги прифати барањата на вработените во Државниот испитен центар. Така штрајкот ќе сопре и побрзо ќе се организира државната матура со мало одложување.

-Да се одложи само првиот екстерен испит кој е закажан за 27-ми мај. На начин на којшто ќе овозможи вработените од Државниот испитен центар да имаат доволно време да ги прегледаат тестовите и да ги објават резултатите, вели Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци.

Велат дека навремените резултати им се неопходни на сите матуранти, а особено на оние кои сакаат да студираат во странство.

-Имајќи предвид дека околу 12% од матурантите секоја година се запишуваат на студии во странство, а пак тие универзитети бараат резултати од матурските испити најдоцна до средината на јули, додаде Павиќевиќ.

Вработените во Државниот испитен центар нема да се откажат од штрајкот  додека не добијат  согласност за покачување на платите од Министерството за финансии. Доколку се исполни нивното барања ќе вложат максимум за државната матура да биде што побрзо организирана.

-Најавена е средба за утре со претставници од Владата. Се обидуваме да дојдеме до позитивен исход и што побрзо да продолжиме со работа, вели Емилија Бошковска, претседател на Синдикалната организација при Државен испитен центар.

Штрајкот на вработените во Државниот испитен центар поради израмнување на платите со минималната, почна на 24-ти април, речиси месец дена пред првиот испит од матурата кој средношколците треба да го полагаат.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе