Вести Култура

Цветановски: Состојбата на духот нѐ одредува како малограѓанска средина

Драмскиот текст „Ревизор“, кој Николај Василевич Гогољ го напишал во 19 век, низ концептот на режисерот Андреј Цветановски прозвучи како да е напишан за да ги исмее состојбите во македонското општество денес. Ова е клучниот мотив за постановката низ адаптација, на оваа безвременска сатирична комедија во театарот Комедија, вели режисерот.

Она што е најважно во феноменот на малограѓанштината не е географската одредница , туку состојбата на духот е таа што ја создава малограѓанштината. Гогољ посебно точно го опишува човекот во системот, односно сите недостатоци кои човекот ги носи од својата природа, што во теорија би требало да биде добро, а во пракса овде станува катастрофа, вели режисерот андреј цветановски.

Дејствието е фокусирано кон однесувањето на надлежните во едно мало место, по најавата дека од метрополата пристигнал ревизор. Хуморот како единствен позитивен лик во претставата потекнува од обостраниот страв зашто ниту тие се чесни , ниту младиот пробисвет Хлестаков, на кого ќе наидат.

-Тој мисли дека цело време бил супресиран од страна на татко му и целото општество, не сваќајќи дека тој е виновен за сѐ што му се случува. И неговото незалагање во животот го прави да се однесува на тој начин кога ќе дознае дека има барем малку моќ, вели Тони денковски за улогата на Хлестаков.

-Се трудел за да стаса до таму , но на оној пат на кој веројатно сите политичари стигнуваат до своите позиции. Што значи дека сите се корумпирани и сето тоа. Така што не е ништо поразличен од денешните политичари, рече сергеј димоски за улогата на градоначалникот Антон Антонович.

Кон галеријата комично – гротескни ликови кои го опишуваат дерогираниот систем е и судијата.

Периодот во кој живееме има доста маеријал за Љапкин-Тјапкин, за судија во една држава, во еден систем во кој не функционира ништо, рече Eдмонд Сотир за ликот на судијата.

До кога ќе живееме во свет во кој парите и желбата за моќ се еденствени вредности? Ова е горчливото прашање кое си го поставува гледачот по овој театарски чин. За неговата кинетичка сценографија беше задолжен Сергеј Светозарев, современите и функционални костими се авторство на Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката е на Димитар Андоновски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе