Вести Свет

ОН предупредија дека 19 милиони луѓе во Судан можат да бидат изложени на ризик од глад и неисхранетост во наредните месеци

Конфликтот во Судан би можел да предизвика глад и неисхранетост за 19 милиони луѓе во следните месеци, соопшти Фархан Хак, заменик-портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, цитирајќи податоци од Светската програма за храна.

Светската програма за храна прогнозира дека бројот на луѓе кои страдаат од акутна несигурност на храната во Судан ќе се зголеми за два милиони до 2,5 милиони луѓе, рече Хак.

Така, според Хак, „во следните три до шест месеци вкупниот број на луѓе за кои постои таква опасност ќе достигне 19 милиони, доколку не се стави крај на конфликтот во африканската земја“.

Саудискиот министер за надворешни работи принцот Фајсал бин Фархан и неговиот американски колега Ентони Блинкен разговараа за заедничка иницијатива домаќин на преговорите меѓу завојуваните страни во суданскиот конфликт да биде Џеда, Саудиска Арабија, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе