Вести Свет

Вучиќ: Ова е напад на целата земја и терористички чин

Ова е повторен масовен злосторнички напад по нападот врз нашите деца- напад врз нашата земја, ова е терористички чин, изјави срспкиот претседател Александар Вучиќ во вонредното обраќање до јавноста по убиствата во Младеновац. Воедно, тој најави нови мерки за носење оружје, зајакнување на безбедноста во училиштата и поостри казни.

Синоќешниот напад е терористички чин во кој нашите единици имаа задача да уапсат и неутрализираат терорист. Негативецот е уапсен и повеќе нема да ја види светлината на денот. Нема да излезе од затвор. Толку многу семејства ги обвитка во црно, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека сите големи народи во слични ситуации успеале да најдат разумни решенија по трагедиите.

По убиството на децата сите бевме во шок и ние кои сме рационални 24 часа одевме како зомби, барајќи мотив и причина. Родителите се загрижени и исплашени. Родителот вели – го праќам детето на училиште, мора да одам на работа и очекувам да е безбедно.Тогаш се појавува психопат, чудовиште, ѓавол и убива без трошка каење. Како да ги смириме нашите родители, што да правиме, рече Вучиќ, најавувајќи нови мерки.

Како што кажа, во следните шест месеци ќе бидат регрутирани 1200 нови полицајци, така што во секое училиште ќе има по еден полицаец и додаде дека Владата ќе донесе заклучок со кој на МВР му се наложува да подготви итни измени на законот за муниција со кои ќе се заострат условите за чување на оружје.

Сите што имаат оружје ќе подлегнат на ревизија, нема да останат повеќе од 30-40 илјади парчиња. Ќе извршиме разоружување на Србија, ќе ги удвоиме казните, па да видиме како ќе набавите оружје. Ловџиите, исто така, ќе подлежат на шестмесечни и годишни проверки, кои вклучуваат медицински и психијатриски анализи и тестови за психоактивни супстанции, рече тој.

МВР ќе преземе мерки за обезбедување мораториум за поседување оружје. Се наложува Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки и сите лица кои нелегално поседуваат оружје да го предадат во рок од еден месец. Министерството за правда да ги заостри казните за неовластено поседување оружје, минимум пет до максимум 15 години, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека бројот на оружје во Србија е намален на околу 760.000 парчиња, но оцени дека тоа не е доволно.

Тој им се заблагодари и на единиците кои учествуваа во акцијата за апсење, воедно посочувајќи дека вчера полицијата имала 25 интервенции за недоговорно однесување на младите кои се идентификувале со имитација на убиецот од ОУ Владислав Рибникар и дека е донесена одлука да се подигне нивото на разузнавачка и контраразузнавачка заштита на целата земја.

Мислам дека најважно е да се спречи ширењето на лаги. И не само на социјалните мрежи, туку секаде. Сега треба да ги прегледаме сите 45.000 профили на луѓе на кои им се допаѓа убиецот и чудовиштето, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија повика да „сите како граѓани мора да победиме заради нашите деца, баби и родители“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе