Вести Македонија

Маж загина откако во него удри воз на железничката станица кај Градско

Mаж загина откако на железничката страница кај Градско во него удри патнички воз, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес.

Возот сообраќал во утринските часови на релација Гевгелија – Скопје, а во мажот удрил на станицата кај Градско во околината на Велес. По ударот, тој починал на самото место, а неговата смрт ја констатирала екипа на Итната медицинска помош од Велес.

РЦУК Велес известува дека станува збор за маж кој бил роден 1960 година.

Екипи на Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес и јавен обвинител вршат увид на местото на настанот.

Поради несреќата, железничкиот собраќај е во прекин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе