Вести Македонија

И ЕУ и синдикатите против европското знаменце на законите за изградба на коридорите

Европската делегација е против употребата на европското знаменце за носењето на законите за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградбата на делниците од автопатите од Коридорите 8 и 10. Откако владата соопшти дека пет нови закони поврзани со изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10 одат пред пратениците со европско знаменце, што во превод значи носење по скратена постапка, од Делегацијата на ЕУ за Телма одговорија дека владата треба да го добјасни ваквиот потег.

Означувањето со ЕУ знаменце на законодавството има за цел да помогне да се забрза интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и затоа треба да има за цел да го усогласи законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ. Во тековниот случај, се чини дека нацрт-законот не се однесува на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања, се наведува во пишаниот одговор на Делгацијата на ЕУ.

Дека пет закони – за експропријација на министерството за финансии, законите за градба и за урбанистичко планирање на министерството за транспорт и врски, законот за работни односи на министерството за труд и социјална политика и законот за утврдување на јавен интерес се означени со европско знаменце денеска соопшти првиот-вицепремиер и координаторот на изградбата на автопатите, Артан Груби.

Одлучивме законите да се предложат со европско знаме, изјави Груби.

Аргументот на Владата за ваквиот потег, како што изјави Груби, е да се надмине заложништвото на законите од страна опозицијата, но и тоа дека Коридорот 8 од страна на ЕУ е ставен на мапата на европските коридори, а коридорот 10 и неговиот крак 10-д имаат геостратешко значење.

Сепак ваквиот аргумент на Груби не беше доволен за ЕУ да ја даде својата согласност за употребата на европското знаменце за законите со кои, како што вели Владата, „Бехтел и Енка“ треба да градат побрзо и поефтино. Од Делгацијата на ЕУ за Телма велат дека последователно Европската Комисијата во извештаите за земјава наведува дека употребата на брзи процедури за носење на закони треба да се ограничи.

Да се применува само кога е оправдано да се унапреди реформската агенда на ЕУ. Не треба да се користи за скратување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во носењето на закони, се вели во одгворот од Делегацијата на ЕУ.

На европското знаменце на носењето на законите за побрза изградба на коридорите 8 и 10-д денеска реагираа и четирите најголеми синдикати во земјава, според кои на ваков начин Влдата сака да воведе неевропски вредности во Македонија, без расправа и согалсност на социјалните партнери.

Владата воведува работно време како пред 137 години со кое овозможува работниците нечовечки да бидат експлоатирани во траење од 72 часа во текот на една недела што е преседан и во светски размери и директен атак врз здравјето и безбедноста на работниците, соопштија од ссм, ксс, ксом и унасм.

Четирите синдикати во рекцијата информираат дека осуда за ваквите намери на Владата стигнале и од Светската и од Европската конфедерација на синдикатите, како и од светската организациија и европската федерација за градежништво кои имаат повеќе од 300 милиони членови.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе